🥇ИРЛ ја доби првата награда за истражувачко новинарство „Никола Младенов” за истражувањето „Кочани - Нашиот морален компромис”.
Наградата ја делиме со колегите од КОД и Фокус за три истражувачки стории за пожарот во „Пулс”, а се доделува од Македонскиот институт за медиуми.
Изјава на комисијата за доделување на новинарските награди: „Комисијата особено го вреднува новинарскиот пристап на ИРЛ, кој се одликува со темелна документациска работа, поврзување на повеќе институционални и правни аспекти на случајот, како и со способност сложените и чувствителни теми да се обработат јасно, аргументирано и одговорно. Сторијата покажува зрел истражувачки пристап, во кој фактите, изјавите и контекстот се вклопени во заокружена целина што има силен информативен и општествен ефект.”