Улични кучиња: Системски или човечки проблем?
Уличните кучиња во Скопје не се случајност — туку резултат на години неодговорност, пропусти и системски слабости.
Во новата епизода на „Уште еден поткаст“ разговараме со Гизела Бошковска од здружението за заштита на животни Анима Мунди, и отворено разговараме за прашањата што сите си ги поставуваме:
🐾 Од каде доаѓаат уличните кучиња?
🐾 Зошто овој проблем сè уште не е решен?
🐾Кој е вистинскиот виновник — граѓаните или системот?
🐾 И најважно — што реално може да се направи?
Не ја пропуштај новата епизода во среда во 20:00ч. на YouTube каналот BMG Network