Не беше само познати хитови, главното беше Травијата. Неколку сцени, со Алфредо и Виолета од како се запознаваат, па комшиски муабети како го оставила Николче, за на крај да заврши најдолу со свадба и Сузана Спасовска. Пре-ја-ко!
Во скопската населба Железара вечерва се одржува културно-музичкиот настан „КомшиLOOK“. Терасите на црвените згради на улицата „Коце Металец 1“се претворени во необична сцена. Од нив се пеат познати македонски хитови, додека жителите и посетителите ја следат програмата од маалото