Даскалите и образовниот систем се на ниско дереџе. Тоа дека работата е тешка, да, како не, од дете да направиш човек е една од најтешките работи. Но има едно големо но.
1. Последните можеби 15 години за да се стане даскал треба да те гласаат во партија. Тоа значи дека не влегуваат најдобрите туку ти е со најмногу лиѓење во партија, се плаќа, се чека да заврши нечие синче, по сумливи факултети. После ги користат како топовско месо за полнење на митинзи.
2. Лично ме гласале во партија и изгубив нормално, ми рекоа 20:3 ама мислам дека ме лажеа дека било 23:0, за да секој може да се вади дека е од тие 3. Се сметам за талентиран говорник и верувам дека ќе бев добар професор ама си заглавив во приватно оти бев неподобен. Е има приказна тука, дечкото кој доби напушти, после јас веќе не сакав, и смени 2-3 фирми и на крај дојде кај мене. Се изврте тркалото. Го пробаа 2 месеци не го биваше и го истераа. Јас важам за добар работник (менаџментот ме сака, а тоа е единствено мерило во приватното, има корист од мене, а не гласање во партија). Испадна дека го изгласале полошиот со епмпириски доказ.
3. и така партиите дозволија да имеме неписмени даскали, криминалци, простаци, ороспиетини
4. Локалната гимназија имаше 1400 ученици, сега има 400, со ист број на даскали. Така е насекаде. Критериумите се паднати на 0. Даскали немаат часови им се измислуваат позиции, си тераат приватни бизниси оти се одморени и имаат време. Имаат знам, јас немам, јас 8 саати на работи и плус 4 дома, тие не.
5. парадоксално оваа ситуација со помалку деца а ист број на даскали оди на штета на децата, се изгуби ред, класови со по 5 деца,..
Слично е и во полицијата, ЈА, насекаде.
Потекнувам од даскалска фамилија 2 генерации даскали и во основно и во средно со традиција со успеси во работата. Нека се здрави и живи, бидете и вие, и сите нека сме, ама даскал пред 20 годинии даскал сега има голема разлика, за жал на сите. А секоја чест на исклучоците ама како целина тонеме сите тоне и образованието.
ping
@taskovskig @AnaFiljana